VW може да ги продаде Lamborghini и Ducati?

20

Според последните информации, силниот финансиски притисок врз Volkswagen за кој генералниот директор на Групацијата,. подготвува темелна реформа, која може да предвидува и отказни решенија за 100.000 вработени… може да го натера концернот да ги продаде своите суперѕвезди – Lamborghini и Ducati.

Oваа информација доаѓа од угледниот Financial Times, кој смета дека компанијата во својата скапа трансформација, може да се реши да ги продаде двата бренда, како што неодамна направи и со Everllence, компанијата за производство на марински мотори, и да обезбеди сериозни финансиски средства, насушно потреби за спроведување на реформите.

Се разбира, не сите веруваат во остварливоста на ова сценарио, особено ако се земе предвид дека Lamborghini, минатата година, и покрај сите проблеми со тарифите на Трамп, успеа да оствари профит од 888 милиони долари.

Реклама