Во чест на четирите века постоење на Француската морнарица, Citroen, исфрли специјален модел во тоа име, базиран на моделот C3 Aircross.
Прототипот е базиран на новиот Citroen C3 Aircross, долг е 4,4 метри и може удобно да смести седум патници, а достапен е во хибридна и електрична варијанта.

Она што е специфично за моделот се поголемиот браник, пошироките калници на тркалата и 17 инчните тркала со гуми со off-road шара.
Поставен е и специјален кровен носач на кој може да се превезува опрема за нуркање.

Секако, на возилото на неколку места се оддава почит на јубилејот 400 години Морнарица, а специјалното лого е извезено и на предните седишта.

Сеуште не е потврдено дали овој прототип се планира да оди во сериско производство, или ќе остане само еден убав чин за славење на трудот на Француската Морнарица.















