Бомбастично! Volkswagen ќе отпушти 100.000 работници

199

Бомбастичната објава во бизнис магазинот Bloomberg, според кој Volkswagen планира да спроведе огромна реформа која ќе опфаќа намалување на бројот на работници за 100.000 и затварање на четири фабрики во Германија, сигурно предизвика сериозен шок во германската јавност, бизнис заедница и Влада.

Но според информациите од Блумберг, ова се само дел од чекорите со кои Генералниот директор Оливер Блум, би требало да ги спречи огромниот пад на продажбата и профитабилноста, и да ја спроведе најсериозната реформа во историјата на компанијата, која изнесува респектабилно 89 години.

Планот на компанијата се вика “Group Target Picture 2030” , а Блум планира истиот да го презентира пред Надзорниот Одбор на 9ти Јули.

Фабриките кои се спремни за “отстрел” се оние во Ханау, Цвикау и Емден, а тука е и фабриката на Audi во Некарсулм, кои сите треба да згаснат кога ќе заврши животниот циклус на автомобилите кои се произведуваат таму.

Понатаму, Volkswagen планира да го намали и обемот на инвестициите за 15% и да достигне околу 130 милијарди евра.

Реклама