Ова е “врвот” на Чешката авто компанија

51

Чешкиот производител на автомобили Skoda, го претстави официјално својот нов електричен модел Peaq, кој треба да биде знаменосец и модел на “врвот” на понудата на електрични автомобили во чешката ергела.

Skoda Peaq е првиот целосно електричен SUV на брендот во сегментот на големи возила.

Долг е 4,87 метри, има меѓуоскино растојание од речиси три метри што го прави поголем и од Kodiaq, а се нуди како модел со седум седишта.

На прв поглед, дизајнот на надворешноста и ентериерот ја следи основната филозофија на брендот за чистина и едноставност, а особено впечатлив е и големит панорамски стаклен покрив кој може електронски и по сегменти да се подесува (осветлува или затемнува).

Може да се порача со две батерии, со капацитет од – 63 kWh и 91 kWh, а моторите испорачуваат моќност од 204 до 299 коњски сили.

Батеријата би требала да понуди одлична автономија до 640 километри.

Сосема нормално, автомобилот доаѓа со многу опрема, како и со сериозен инфотејнмент систем во ентериерот кој нуди одлична поврзаност и прегледност во возењето.

Реклама