Луксузниот бренд Mercedes-Maybach, го отпочнува својот проект наречен ” Beyond Horizons ” или во слободен превод – зад хоризонтот, со што влегува во нова луксузна димензија, почнувајќи со производство на големи мега јахти.

Производството ќе се прави во соработка со познатите производители Zech Group и Lürssen.
За првата јахта која треба да биде долга 155 метри, со бруто маса од 15.000 тони, веќе е избрано и бродоградилиштето.

Јахтата нема да биде на продажба, но пристап на неа ќе биде овозможен само преку Maybach Ocean Club, преку кој членовите можат да добијат ексклузивен пристап на јахтата во период од четири недели, за што ќе треба да платат годишен надоместок со кој се покриваат трошоците за гориво, екипажот, трошоците за марината и осигурувањето.

На јахтата ќе има вкупно 30 апартмани, сите со површина од 74 метри квадратни со приватни балкони и консиерж задолжен за сите потреби на членовите на клубот.














