Tesla со нов патент. Систем за решавање на прегреаност од панорамски кров

37

Американската компанија Tesla, креираше многу новини во авто индустријата кои подоцна беа превземани и од други производители на возила во светот.

Една од нив е и големиот панорамски стаклен кров, кој има огромна предност. Носи светло во кабината, го зголемува чувството на пространост и комфор… но има и една маана, а тоа е ефектот на “зелена градина”.

Големиот панорамски сончев кров, знае да предизвика сериозно затоплување, на моменти и прегревање на внатрешноста, кое може да заврши и со фатални последици, како што посведочија неколку инциденти во кои родители ги оставале во автомобилот своите деца или сопствениците своите домашни миленици.

За да го реши овој проблем, Тесла патентира ново решение со кое, преку посебен систем на климатизација, се извлекува најтоплиот воздух од кабината, истиот се разладува, а потоа меша со останатиот дел од воздухот внатре.

Постојат и други патенти, како оној поднесен во 2019 година, прифатен сега, според кој, стаклениот покрив треба да биде направен од повеќе слоја.

Првиот надворешен ќе биде како нормалниотденешен слој на стаклениот покрив, но внатрешноста ќе биде направена од перфориран материјал во форма на саќе од мед, кое треба да понуди светлосна, но и топлотна изолација.

Реклама