Машината тргна. Почна производството на Cupra Raval и VW ID. Polo

72

Фабриката на SEAT и CUPRA во Марторел, Шпанија, ја започна својата нова ера, почнувајќи да ги произведува новите електрични автомобили CUPRA Raval и Volkswagen ID. Polo.

За да може да ја оствари оваа цел, во фабриката беа инвестирани повеќе од 3 милијарди евра.

Сега, во неа се произведуваат електричните, градски автомобили на три бренда од Групацијата на Volkswagen.

За значењето на овој проект за Шпанската економија и за Volkswagen, доволно зборува нивото на луѓе кои го одбележаа овој настан. Меѓу високите претставници, присутни беа – Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, Генералниот директор на Volkswagen Group Оливер Блум и Генералниот директор на SEAT и CUPRA – Маркус Хаупт.

Иако во минатите текстови и емисии, правевме целосни прилози за нив, да се присетиме на најважните карактеристики на новите два модели кои ја започнуваат својата нова историја во фабриката во Шпанија.

VOLKSWAGEN ID. POLO

Новото Volkswagen ID. Polo претставува електрична верзија на еден од најуспешмните модели во историјата на брендот. Се продаде во околу 20 милиони примероци, а сега отвара ново поглавје во својата историја, со својата електрична верзија подготвена да испорача околу 454 километри во WLTP циклусот.

Покрај другото тоа има вградено и Connected Travel Assist систем со автоматско препознавање на сообраќајните знаци, ефикасно возење со една педала и vehicle-to-load функција со која ID. Polo се претвара и во мобилен извор на енергија за разни уреди, електрични скари, кафемати и е-велосипеди.

CUPRA RAVAL

Стартот на производство на новиот CUPRA Raval отвара нова страница во историјата и на Шпанскиот бренд. Долг е само 4 метри, но истовремено е и најрадикалната верзија на урбаното електрично возило, со спортска силуета и максимално фокусиран на возачот ентериер. Направен е на платформата MEB+ на Volkswagen’s MEB+ и нуди три серии со домет од околу 450 километри.

Лансиран оваа 2026 година, новиот CUPRA Raval се очекува сериозно да го зајакне моментумот на шпанскиот бренд CUPRA кој веќе слави осми роденден и има повеќе од еден милион продадени примероци од своето основање.

Токму овој, првиот квартал од 2026 година е најдобар во историјата на CUPRA, што сериозно го води брендот до остварување на целта проектирана на пазарен уддел од околу 3% во Европа.


Реклама