Oваа година, германскиот бренд Volkswagen слави половина век, или 50 години од првото појавување на нивниот модел со спортската значка GTI.

И токму сега, компанијата донесе одлука да и го претстави на јавноста и првиот GTI во палетата на целосно електрични возила на брендот.

Станува зборза новото , мало компактно ID. Polo GTI со моќност од 166 kW.

Агилен, урбан автомобил на струја кој од 0 до 100 km/h забрзува за 6,8 секунди и кој исто како и оригиналниот Golf GTI од 1976 година работи со погон на предните тркала, со максимален вртежен момент од 290 Nm и електронски контролирано заклучување на диференцијалот.
Премиерата на новиот ID. Polo GTI сосема огично, се одржи на домашен терен, и тоа на патеката наречена Зелениот Пекол во Нурбургринг, за време на 24 часовна трка, на која и самите бевме присутни како гости во ВИП зоната на LIQUI MOLY во павиљонот на спротскиот тим Black Falcon.

Покрај заклучувањето на предниот диференцијал, во стандардна опрема кај новото Поло е вградена и адаптивната DCC sports суспензија и прогресивниот волан специјално развиен за моделите со значката GTI.
Дополнителна предност кај овој модел е таканаречениот GTI профил на возење, што се активира со притискање на специјално копче на спортскиот волан.

Со само едно кликање на ова копче сите погонски и шасиски системи како што се испораката на струја на електричниот мотор, прогресивното управување и адаптивната спортска DCC шасија се вртат на максимум, испорачувајќи максимални спортски перформанси, како што впрочем, доликува на еден модел со значката GTI.
Дури и кокпитот ја менува бојата и графичката шема.
Ако го погледнеме дизајнот, забележуваме јасно препознатливи чисти форми кoи прво беа имплементирани кај Golf GTI во 1976, а потоа и кај првиот Polo GTI во 2006.

Новиот ID. Polo GTI ги следи овие дизаjнерски правила но истовремено се интегрира и во новиот Pure Positive дизајнерски јазик на Волксваген, и притоа креира компaктен спортски автомобил со стандардни 19 инчни алуминиумски тркала.
Тука е секако и иконската црвена линија на предницата, заштитниот знак на овој спортски бренд уште од првиот Golf GTI.
На ID. Polo GTI црвената линија сепротега на речиси целата широчина, со 3д лого ГТИ инкорпорирано во левиот дел.

Над овој мотив се поставени ЛЕД светлосна линија, осветленото VW лого и новите стандардни IQ.LIGHT LED matrix предни светла.
Вшмукувачот на воздух го има препознатливиот дизајн на GTI медово саќе, кое е поставено за нијанса подолу.
Силуетата на ID. Polo GTI е моќна и јасна. Ги истакнува Ц-столбот инспириран од првиот Голф, а како уникатен елемент се истакнува и задниот спојлер на кровот поделен во средината.
И одзади ID. Polo GTI има IQ.LIGHT верзија на кластерите на задните светласекоја со тродимензионални лед елементи.

Во ентериерот доминираат црвената и црна боја распослани на кокпитот. Такви се на пример контрастните конци на спортскиот волан во црвена боја, и црвените мотиви во рамката на воланот, на позицијата на стрелката на часовникот која покажува 12 часот.
Црвените мотиви се вградени и во вратите и седиштата, додека црвениот GTI амблем е интегрален дел на наслоните за глава на предните спортски седишта.
Во поглед на инфотејнментот, дигиталните инструменти и екранот се поставени по една визуелна оска.
Дигиталниот кокпит има дијагонална должина од 10,25 инчи или 26 сантиметри .

Ако возачот го држи копчето View на воланот, инструментите добиваат изглед како на оние од легендарниот Golf I.
Инфотејнмент екранот е лоциран во средишниот дел на таблата и има дијагонална должина о 32,77 сантиметри (12,9 инчи) и делува навистина големо, како да станува збор за голем, премиум таблет.
Интересно е и овде, ако е вклучено ретро копчето, на екранот на кој се покажува изведувачот и името на песната, се појавува слика од касета, популарен носач на звук од 80-те години.

Од Volkswagen уште велат дека ID. Polo GTI е вистинско чудо кога станува збор за внатрешниот простор.
Кај него има дополнителни 19 мм повеќе простор од моделот Polo GTI со конвенционален мотор со внатрешно согорување, а просторот за багаж е зглемен од 351 на 441 литри.
Дополнително, со спуштени задни седишта се отвраат 1.240 литри волумен за багаж.
Очекувано, во него ќе најдете и многу опрема и системи за асистенција за возачот.
Цената на новиот урбан GTI е проектирана на околу 39.000 евра, што во денешно време, во кое пазарите се под инвазија на нови азиски модели на струја со агресивни цени, допрва треба да се истестира и покаже во пракса.







