Зошто го нема Кинескиот гигант во Европа?

173

Кога овој Кинески технолошки гигант во 2024 година објави дека влегува во авто индустријата, многумина беа скептични за финалниот епилог.

За да произведувате и продавате автомобили ви требаат искуство, фабрики, капацитет, мрежа.

Но, она што оваа компанија го поседуваше беше огромен број на производи, пробани на сите светски пазари, а врзани со домаќинствата – бела техника, таблети и секако, паметни телефони. А тоа е еден технолошки еко-систем во кој идеално се вклопуваат и автомобилите на струја.

Се разбира, зборуваме за Xiaomi, кој по своето влегување во автомобилската индустрија направи дар-мар.

Барем на Кинескиот пазар.

За новата генерација на моделот SU7 sedan, лансиран во Март 2026 година, пазарот полуде и за само 34 минути собра 15.000 порачки!

Интересно, подоцна со својот модел SU7 Ultra, Xiaomi, застана на стазата во Нурбургринг и успеа да постави брзински рекорд, оставајќи ги зад себе  Porsche Taycan и Rimac Nevera.

Xiaomi денес има импресивна палета. SU7 sedan е премиум електричен автомобил со домет до 830 km и со V6s Plus eлектричен мотор.

Следва YU7, SUV моделот на Xiaomi, кој прибра околу 240,000 порачки за само 18 часа од лансирањео, и испорача заклучно со Април, 2026 година околу 232,000 примероци.

Спортската верзија YU7 GT, со моќност од 990 коњски сили , два електрични мотори и забрзување од 0-100 km/h за само 2 секунди, веќе се покажа на стазата на Нурбургринг и го сруши претходниот рекорд за 14 секунди.

И кога ги има сите овие рекорди и остварување, како логично с епоставува прашањето зошто Xiaomi, уште го нема во Европа?

Има неколку логични одговори.

Успехот на компанијата, оди исклучително брзо. Побрзо од нејзините производни капацитети.

Брендот веќе ги навикна своите фанови на екстремни чекања. Така на пример ако сакате нов SU7, треба да чекате 41 недела, а за некои модели на YU7 и до 58 недели.

Дополнително, само во првиот квартал и покрај продадените 80,856 автомобили, и остварен промет од 19,9 милијарди јуани, Xiaomi прокнижи и загуба од 3,1 милијарди јуани.

Следен фактор се царините. Од Октомври 2024 година, EU, наметна царини за Кинеските електрични возила од 10%, плус дополнителни давачки од 20,7%, што значи дека во старт цените на автомобилите ќе бидат повисоки од оние во Кина за 30,7%.

Вкупните давачки за нови Кинески возила ќе бидат околу 45.3%.

Но, и покрај сето ова, Xiaomi, веќе го направи планот, да започне со продажба во Европа во втората половина на 2027 година. Една година подоцна ќе ги лансира моделите со волан на десната страна и во Британија, а потоа ќе се прошири и на другите зрели европски пазари.

Xiaomi веќе има центар за истражување и развој во Минхен, во кој се ангажирани поранешни директори од BMW, Porsche и Lamborghini, кои логично, ги анализираат трендовите, работат на развојната стратегија и се подготвуваат за сериозниот подем на овој технолошки гигант во срцето на Европа.

Реклама