Компанијата Brado е нов старт-ап од Италија, кој неодамна и го претстави на јавноста својот прв автомобил.

Станува збор за песочно баги, со монокок карбон фиберско тело, во кое, како да се напуштаат сите модерни трендови на денешницата.

Се исфрлаат модерните екрани и дисплеи и се менуваат со аналогните копчиња, а новите електрифицирани мотори се заменети со “олд-скул” мотор на VW со воздушно ладење.

Дизајнот на ова баги е дело на Хуан Мануел Дијаз, во чие портфолио се наоѓаат едни Alfa Romeo 8C Competizione, МiTo, Audi R8 Spyder, и RS Q e-tron Dakar racer.
Инаку, возилото е долго 3,310 mm, што го прави за 322 мм пократко од Fiat 500, на пример. Задницата е широка 1,810 mm.

Телото е направено од карбон-фиберска монокок шасија со изразена структура која штити од превртување. Моторот со воздушно ладење на VW е поставен во задниот дел, со два карбуратори спарени со рачен менувач кој ги движи задните тркала.

Моторот има зафатнина од 1.8- литри, со моќност од 85 коњски сили (63 kW), а на располагање стои и 2,0 литарскиот мотор со моќност од 110 кс (82 kW).
Сите елементи укажуваат на основната филозофија на компанијата Brado, да му пркоси на модернизмот и новите трендови, со што јасно ја дефинира и својата таргет група, луѓето на кои им се преку глава сензорите, екраните, мултимедијалните системи, електрфицираните мотори… што и не е лоша стратегија за еден сосема нов старт-ап.








