Во соседна Грција, континуирано растат интересот и продажбата на нови електрични возила.
Една од главните причини за тоа е специјалната програма за субвенции на Владата наречена “I Drive Electric 3”, преку која физичките и правни лица може да добијат сериозна финансиска помош (субвенција) за набавка на целосно електрични возила.
Субвенциите покриваат до 30% од вредноста на возилото, или до максимални 8.000 евра!

Дополнително, домаќинсвата кои ќе решат да инвестираат во електрично возило (кое реално, сеуште има сериозно висока цена споредено со конвенционалните автомобили на бензин и дизел гориво), добиваат и дополнителен грант од 500 евра за набавка на домашен полнач на струја.
И на крај, доаѓаат уште неколку причини кои секако ќе ве мотивираат да се префрлите на струја.

Поефтино е регистрирањето на електричните возила, а во некои јавни паркинзи и паркингот ќе ве чини – 0 денари!
Кога на сето ова ќе го додадете и понискиот трошок на експлоатација (струјата е поефтина од горивото, а и редовните сервиси се подостапни во цената) позитивниот тренд на продажба и поседување на електрични возила во соседна Грција, се сосема логични и очекувани.
Од друга страна, навистина е нелогично што во нашата земја, која се бори со екстремно загадување на воздухот, нема никакви субвенции за набавка на електрични возила?







