Двата сериозни играчи во автомобилскиот бизнис Stellantis и Jaguar Land Rover, најавија дека започнуваат сериозна соработка.
Двете корпорации веќе потпишале, сериозен, но сеуште необврзувачки, Меморандум за Разбирање (MOU) со кој ќе започнат да ги испитуваат можностите за соработка, главно за пазарот во САД.
Според официјалното известување, двете компании ќе ги истражат можностите за синергија во производниот и технолошки развој.
Во превод, може да очекуваме дека двете компании ќе соработуваат на развој на заеднички платформи, размена на технологии, па дури и заедничко производство на одредени модели.







