Херојот од сенка на трката на Нурбургринг

130

Во пробраното друштво на ѕверски подготвени машини – Lamborghini, Mercedes AMG, Porsche… се најде и еден мал херој од сенка кој ги освои срцата на публиката оклу стазата на ‘Зелениот пекол” во Германија.

Се работи за еден тјуниран модел на Dacia Logan, подготвен во Ollis Garage Racing, со турбо мотор со моќност од 280 коњски сили.

Во својата SP 3T класа, Логан се натреваруваше со уште шест други сериозни автомобили како Audi TT, специјализиран VW Gold GTI Clubsport.

На крајот, Логан го загуби и своето предно лево тркало, беше влечено до пит стоп-от, но сепак стигна до целта по исцрпувачката 24 часовна трка и тоа на шестата позиција.

Особено симпатична беше сцената во која без никакви последици прелета преку истурено масло на патеката, која излизга многу помоќни машини од него.

Реклама