Со LIQUI MOLY на трката во Нурбургринг

191

Полека ги сумираме впечатоците од импресивниот викенд поминат во Германија, на никогаш поатрактивната и попосетена 24 часовна трка на патеката која популарно се нарекува “Зелениот пекол”.

Фото : Black Falcon

За прв пат во историјата, оваа трка на нерви, премиум возачи и врвни механичари привлече толку голема публика во Германија и публицитет во светот.

Повеќе од 350.000 продадени билети

Околу стазата Нурбургринг, која е долга 25,4 километри, со многу свијоци, спуштања и качувања, будно ја следеа трката околу 400.000 фанови, а беа продадени рекордни 350.000 билети.

Foto: Gruppe C Photography, Black Falcon

Многу од нив кампираа покрај патеката неколку дена, се забавуваа, пуштаа гласна музика, жедно очекувајќи ги октанските возбуди.

Холанѓанецот Верстапен како вистински магнет

Најголемиот магнет за оваа планетарно атрактивна трка, која обично минуваше затскриена на домашно тло, во Германија и меѓу вистинските фанови на моторспортот, беше дебито на Макс Верстапен, четирикратниот победник на Формула 1.

Фото – Red Bull

А во самиот кампус преполно со луѓе кои ги следеа специјалните вип зони и технички области на Red Bull, Black Falcon, Volkswagen, BMW, Porsche…

Како да сте на голем автомобилски саем, можевте да видите атрактивни, спортски тјунирани возила, штандови, да купите сувенири…

Ја имавме привилегијата да го следиме овој настан директно од VIP зоната на тимот Black Falcon, кој оваа година беше спонзориран од нашиот партнер – Германскиот производител на моторни масла, адитиви и сервисни препарати LIQUI MOLY.

Што се случуваше на стазата?

Како и што се очекуваше, вистинската ѕвезда на патеката и надвор од неа, Макс Верстапен, кој го имаше своето деби на Нурбургринг, според него, како една од точките во животот кои ги обожава и кои сака да ги “штиклира”, нагази до крај!

Фото – Red Bull

Од десеттото место на стартот, за кратко време, со неколку агресивни и супер атрактивни потези “а ла Formula 1” и претекнувања стигна на врвот.

Беше прв, заедно со останатите членови на неговата екипа (на 24 часовната трка се работи во тим, и се менуваат возачите на секои три часа) до рано наутро.

Наеднаш, Верстапен со неговиот Mercedes AMG GT3 влезе во боксот каде, поради технички проблем на моторот остана цел час, по што ја загуби челната позиција.

За него, се вели дека е целосно незадоволен од промените во Формула 1, во која наскоро трките комплетно ќе се возат на струја, што нему очигледно не му се допаѓа, па дури и се шпекулира дека ќе го напушти Ф1 циркусот.

Фото – Red Bull

Но, оваа трка е и одлична подготовка за Ф1 трката во Канада, која се одржува следната недела.

Огромниот публицитет кој Верстапен го донесе на и околу Нурбургринг веќе ги отвори и зовре во локалните медиуми, шпекулациите дека следната година оваа трка ќе привлече уште неколку Ф1 возачи, што Германија и Зелениот пекол, ќе ги стави високо на мапата на моторспортот.

Резултатите на крајот

На крајот, во комплетниот пласман победата ја понесе Mercedes-AMG Team, кој ја управуваше Маро Енгел, задно со неговата екипа на уште три возачи Mаксим Мартин, Фабиан Шилер и Лука Столц.

На второто место се пласираше Бортолоти со нивниот Lamborghini Huracan GT3 EVO2, а трети беа возачите на Aston Martin Vantage AMR GT3 Evo предводени од Друди.

Благодарност за LIQUI MOLY

На оваа одлична трка со огромни возбудувања, наш домаќин беше LIQUI MOLY, познатиот производител на моторни масла и адитиви од Германија, кој е супер активен во моторспортот, во кој ги спонзорира, покрај другото и Формула 1 и Moto GP.

На ова атрактивно патување кое траеше пет дена, имавме можност, заедно со најдобрите партнери на Ликви Моли Македонија, да уживаме во посетата на фабриката, лабораторијата и логистичкиот центар на LIQUI MOLY во германскиот град Сарлуис, а подоцна и да поминеме одлични три дена на и околу стазата во Нурбургринг.

Фото : Black Falcon

Бевме VIP гости заедно со голем број интернационални партнери на брендот од целиот свет во VIP зоната на Black Falcon, тркачкиот тим кој се натпреваруваше на трката со седум возила во пет класи.

Black Falcon постигна одлични резултати и се искачи на подиумот во пет класи и освои трето место во вкупниот пласман на тимовите.

Во овие три дена имавме пристап до возачите со кои се дружевме и разговаравме, уживавме во одлична забава, многу врвна храна и пијалоци и секако, можност да ја следиме трката од вип зоната на четвртиот спрат од надгледувачката кула на TUV Rheinland покрај патеката.

Секако, ја имавме привилегијата да се дружиме и со претставниците на најуспешните партнери на LIQUI MOLY во Македонија, кои беа исто така, VIP гости на овој спортски мега спектакл.

Реклама