Еве го новиот MG 07!

234

Британскиот иконски бренд MG, кој ја доби финансиската инекција за преживување од Кинeскиот гигант SAIC Group, го лансира и својот најнов знаменосец – MG 07!

Според директорите, ова треба да биде врвот во понудата на нивната компанија.

Тие дополнија дека се натпреваруваат со купеата од луксузната класа на Кинескиот пазар, кои чинат околу 90.000 евра, па сепак, новиот MG 07 во Кина ќе чини само 25.700 евра.

Многумина веќе препознаа дека моделот неодоливо потсетува на Porsche Taycan.

Инаку, автомобилот е поставен на платформата на SAIC Group, а ќе биде достапен со плаг-ин хибрид или целосно електрична варијанта.

Реклама