BYD во Кина, на своите мини автомобили користи супер скапа опрема

108

Додека големите европски авто брендови како BMW и Mercedes-Benz, го отфрлаат системот Lidar бидејќи е прескап и се исплати да се вградува само кај колите поскапи од 100.000 евра, во Кина, BYD ова парче опрема го вметнува во своите мини електрични автомобили со цена под 10.000 евра.

Системот за асистенција на возачот (ADAS) употребен во BYD како опционална опрема, ги комбинира Lidar сензорите, со повообичаените радарски и камера сензори, и е вграден во моделот BYD Seagull (во Европа познат под името Dolphin Surf) за моделската година 2026.

Oвој АDAS систем со Lidar (скратеницата доаѓа од името – Light Detection and Ranging, или во превод детекирање на светлина и рангирање или мерење растојание), е достапен во моделот BYD Seagull со DiPilot 300.

Кај овој систем се користи пулсирачко ласерско светло за да се измерат прецизни раздалечености, и се креираат детални 3Д модели за опкружувањето на автомобилот.

Ласерските пулсеви се емитираат од опремата и се мери времето за кое ласерската светлина ќе се врати назад до сензорот.

Tреба да се напомене дека osnovniot Seagul во Кина, доаѓа со помалата батерија од 30.1 kWh и домет од 305 километри, а чини околу 8.750 евра. Понапредниот модел има поголема батерија со моќност од 38.9 kWh, домет од 405 километри и цена од 12.200 евра.

Реклама