Го имаме ли најдобриот SUV за 2026 година?

580

Jaпонскиот производител на автомобили, Тојота, ја претстави новата, шеста генерација на својот, најзначаен автомобил, атрактивниот SUV – RAV4.

Легендарниот РАВ4, за првпат беше лансиран во далечната 1994 година, и во овие три декади се продаде во над 15 милиони примероци, во 180 земји во светот.

Само на нашиот континент Тојота продаде 2,5 милиони автомобили RAV4  што го прави најпопуларен модел во палетата на Јапонските самураи.

Атрактивната шеста генерација на RAV4 лета во нови димензии со својот автентичен SUV дизајн, можноста да се движи на секаков терен, и со многу нова технологија која на возачите и патниците им дава комфорно возење на кратки и долги релации, на патот и надвор од него.

Фановите на RAV4 ќе може да го добијат својот омилен автомобил со новата shift-by-wire технологија, унапредениот head-up дисплеј.

Продукт менаџерите направиле одлична работа и во дополнителното стишување на звукот и вибрациите, како и во обезбедувањето на повеќе комфор во ентериерот.

Не случајно, РАВ 4 е избран да ја промовира новата софтверска платформа Arene, која дава нова дигитална атмосфера за конектирано и напредно мултимедијално искуство.

Треба да се потенцира и тоа дека RAV4 од статот беше прв во колоната на автомобили во палетата на Тојота во која се применуваше електрификацијата. Впрочем токму првите SUV електрични автомобили со батерија, хибриди и плаг-ин хибриди на Тојота, беа токму изведени на компактниот RAV.

И повторно, RAV4 е првиот автомобил во кој Тојота ја користи својата најнова генерацијана плаг-ин хибридна технологија.

Надворешен дизајн

Да почнеме со дизајнот, кој секогаш е предмет на индивидуално допаѓање.

Но во примерот на РАВ4 можеме да се сложиме дека компактниот SUV изгледа навистина одлично.

Новиот РАВ има тро димензионално скулптурирана предница со моќен изглед, зајакнат со новите тенки ЛЕД предни светла и аеродинамични светла за магла.

Трепкачите се интегрирани во светлата.

Во задниот дел е сместено редизајнирано лого, во европа за прв пат во светло црн амблем на Тојота.

Искористени се нови 18 и 20 инчни алуминиумски тркала достапни во сива металик, црна и машинска метал боја. Тие дополнително го истакнуваат високото возење и офф-роад карактерот на RAV 4

Надворешните димензии остануваат исти.

Eнтериер

Во внатрешноста се внесени нов волан, пет приклучоци на УСБ, кои плнат трипати помоќно од стандардните, и два безжични полначи на мобилни телефони, што им дава можност на возачот и совозачот да ги полнат симултано своите два уреди. 

Ентериерот е редизајниран, робусен во својот изглед, но сеуште практичен за користење и снаоѓање.

Тонот во ентерирот го диктира хоризонталната табла што ги содржи најновиот мултимедијален систем, и дисплеј технологија која креира една проточна структура.

Видливоста на возачот е подобрена преку спуштање на инструмент таблата за околу 40 мм.

Зад воланот е поставен нов лебдечки 12,3 инчен инструмнт панел со светол ЛЦД екран, кој е лесно видлив преку контурите на воланот и може лесно да се прилагоди да ги покажува информациите кои му се важни на возачот.

Новиот волан вклучува и нов распоред на копчињата за полесно и поинтуитивно оперирање, а и делот кој се грее на воланот е проширен на речиси целата површина на држење.

Седиштата се нудат во две бои, со синтетичка кожа со исклучително атрактивни детали.

Новata софтверска платформа Arene, го нуди и новиот ToyotaConnect мултимедијален систем, кој е интуитивен и прецизен, со напредна конективност, навигација и безбедносни алатки.

Процесорт е за четири пати побрз од претходната генерација, и е сериозно пореспонзивен и полесен за користење.

На новиот хоум екран, сите релевантни информации се ставени во видното поле, мазно интегрирани во сите екрани.

Мапата за навигација е интегрирана и тродимензионалниот асистент за држење во лентата во комбиметарот избегнуваат можно деконцентрирање на возачот и ги прават насоките полесни за следење.

Поопремените модели имаат и нов head-up display (HUD) кој е за два пати поголем од оној во претходната генерација и кој го задржува погледот на возачот на патот.  

Дигиталниот кокпит е засилен и со респонзивен и прецизен гласовен асистент, развиен лесно да ги разбере командите од возачот и патниците, кои пак ги користат бенефитите на новите микрофони поставени над секое седиште, со што повторно се зголемува безбедноста на возачот бидејќи преку гласовните наредби, тој не треба да го тргнува погледот од патот.

Паметниот систем за навигација покрај другото, го информира возачот за поставеност на камери за мерење на брзината.

Во случај на сообраќајна незгода, автоматски се активира новиот Снимач на возењето, кој ги меморира 10-те секунди пред сударот и до 30 секунди пред него, а овие снимки се чуваат за евентуално докажување пред осигурителните компании.

Со новиот РАВ4, Тојота ја промовира и својата Smart Digital Key+генерација дизајнирана за да обезбеди лесен пристап до возилото преку смарт телефон или смарт часовник.

Сосема очекувано., новиот РАВ4 нуди многу опрема, меѓу која можеме да ги издвоиме :

Системот за надгледување на мртвата точка кој сега поседува и индикатор за приближување на возило одзади, кој ќе го смали стресот во возењето, особено на автопат.

Тука е и алaрмот за приближување до исклучување од патеката, асистент за промена на коловозната лента, систем пред судар кој го предупредува возачот со аудио и визуелни предупредувања и асистент за кочење.

Системот за напредно паркирање, на поопремените модели му дава можност на возачот да го паркира возилото со смартфон, додека стои надвор од автомобилот. За поголема безбедност, ако возачот за момент го тргне прстот од мобилниот телефон, возилото веднаш запира.

Новиот Плаг ин хибрид, кој гарантира подобрено забрзување и поголема економичност на горивото, нуди 137 километри возење на струја, што треба да е сосема доволно за секојдневните потреби на европските возачи.

Дополнително, тој е опремен со нова батерија со поголем капацитет за 30%.

Од 10% дo 80% капацитет на батеријата, се полни за 30 минути.

Цената на RAV4 во Европа ќе почнува од околу 42.000 евра за хибрдниот модел, а плаг-ин хибридите ќе почнуваат од 50.700 евра.

Реклама