Oфанзивата продолжува! Го имаме новиот крал на Британија!

304

По сумирање на официјалните статистички податоци од последниот месец Април, најпродаван електричен бренд во Велика Британија, официјално стана Кинески BYD!

BYD го сподели податокот дека во Април биле продадени 12,754 електрични автомобили, што воедно претставува маркет шер од 7%, со што избиваат на првото место пред конкурентите – Tesla, Volkswagen, BMW…

Податоците за BYD се одличнии и за целата година, не само за месец Април, бидејќи на Британскиот пазар со 26.396 продадени автомобили, што претставува раст од 124% споредено со минатата година, се на топ листата пред многу европски и светски брендови како на пример : Citroen (12,142), Cupra (15,171), Dacia (10,250), Fiat (2,320), Land Rover (25,313), Mini (18,814) и Renault (23,645).

Во врска со овој одличен успех се огласи и шевот на BYD за Велика Британија, Боно Џи, кој изјави “Имајќи предвид дека цените на горивото остануваат високи, се повеќе возачи се вртат кон електричните возила, како попаметен и поекономичен избор. Исклучително ни е драго дека EV пазарот во Велика Британија оваа година порасна за 22% , а особено сме горди што BYD стана водечки бренд за електрични возила во ВБ аза помалку од три години.”

Реклама