BMW Designworks, одделот на BMW одговорен за дизајнот, во соработка со Lufthansa Technik изработија студија за ентериерот на Ербус и му покажаа на светот што навистина значи VIP класа за патувањето во облаците.

Концептот е наменет за превоз на групи на луѓе, што значи дека таргет не се сопствениците на приватни авиони, туку повеќе корпоративни тимови, спортски екипи, бендови на тура…

Со овој концепт на авионот Ербус A321 или Боинг 737, наместо 220 седишта се нуди концепт за превоз на 28 патници, но овие 28 среќници би летале во фантастичен луксуз и комфор.

На влезот, зад пилотската кабина е поставен и мини бар, во кој може патниците да пристигнат и да се раскомотат, а потоа можат да искористат една од 14-те VIP кабини, кои може да бидат од затворен или отворен тип, зависно од желбите на патниците.

Влијанието на BMW се гледа во деталите, квалитетните материјали, меки линии во ентериерот и инфотејнмент системите кои ви прават да се чувствувате како да сте во луксузен автомобил.







