Јееp Avenger добива ново лице!

165

Три години по неговото лансирање, JEEP Avenger веќе добива ново лице.

За промената, во Стелантис, подготвија еден краток тизер во затемнет амбиент, во кој како главен мотив ја потенцираат новата осветлена маска со седум елементи.

Покрај осветлената маска, Jeep Avenger, веројатно ќе добие и нови предни и задни браници, нови бои и најверојатно, нови алуминиумски тркала.

Во поглед на кабината и на моторите, не се очекуваат и најавуваат некои посериозни промени.

Како изгледа краткиот тизер за новото лице на Avenger, можете да видите во следното видео :

Реклама