Новиот Renault 4 E-Tech Electric, доаѓа како кабриолет

98

Jaсно е дека времето на електричната револуција во автомобилскиот бизнис е тука.

А во неа, Францускиот производител Renault, веќе има неколку адути.

Меѓу нив, доаѓа и моделот Renault 4 E-Tech Electric, кој покрај другите предности доаѓа и во SUV форма со отворен кров (кабриолет) со мек покрив.

Покривот се отвара електронски и се склопува во три елементи, при што возачот може даа реши дали сака истиот целосно или да се отвори во некоја меѓуфаза.

Широчината на делот што се отвара е еден метар, со што се добива голем отворен покрив преку кој патниците можат да уживаат во свежиот ветер.

Моторот испорачува моќност од 150 коњски сили и батерија од 52 kWh која нуди автономија од 409 километри со едно полнење.

Реклама