Кинескиот Leapmotor B10 со нов електричен хибрид

460

Кинескиот бренд Leapmotor, кој на Европскиот континент работи во тесна врска со Стелантис, го претстави својот нов B10 Hybrid EV погонуван со новата Range Extender технологија.

На европската и светска јавност, новиот хибрид и беше претставен на специјален тест евент во околината на Рим и езерото Брачиано, во Италија.

Ова е значајна новина за автомобилот B10 кој како целосно електрично возило, кое ќе се натпреварува во компактниот B-SUV сегментот, им беше претставено на Европа и светот кон крајот на 2025 година.

Хибридниот систем со Range Extender (Технологија за продолжување на дометот), веќе е познат од постариот сестрински модел C10, и во кој електричниот систем е поддржан и од 1,5 литарски бензински генератор кој ја дополнува батеријата кога е тоа потребно.

Моделот има батерија со капацитет од 18.8 kWh која нуди електричен домет од 86 километри, генератор од 50 kW и резервоар за бензинско гориво од 50 литри кои сите заедно нудат автономија од 900 километри до следното дополнување.

Затоа во Leapmotor велат дека новиот B10 Hybrid EV е идеално решение за оние кои сакаат да ја живеат електромобилноста, но сеуште не се подготвени за целосно електрично возило и сериозната зависност од мрежата за полнење.

Хибридната ЕВ архитектура на Leapmotor, го подразбира хибридниот концепт ставајќи го електричниот погон во центарот и испорачувајќи 100% електрично возно искуство со кое можете да возите на подолги релации без да се оптоварувате со честите дополнувања на батеријата.

Системот е дефиниран од три клучни принципи :

  • eлектричниот мотор секогаш ги движи тркалата.
  • продолжувачот на домет никогаш не е механички конектиран со тркалата
  • неговата функција е да генерира електрицитет додека се вози.

Со него возачите може да уживаат во мазно возење, тивки перформанси, веднаш создаден вртежен момент, лесно забрзување без менување на брзини, додека менаџментот на енергијата се прави автоматски – не се бара никаква активност од страна на возачот.

Во кабината на B10 имаме модерно опкружување, како да сте во еден голем паметен телефон, со 14,6 инчен централен дисплеј со висока дефиниција кој нуди одлична конективност со Apple CarPlay и Android Auto, забава и контрола на возилото.

Секако, новиот автомобил е опремен со мноштво системи (поточно 17) за помош на возачот како што се Адаптивен темпомат (adaptive cruise control), контрола на центрирање во лентата кој нуди помазно забавување кога се приближувате до свијоци.

Новиот Leapmotor B10 Hybrid EV ќе започнува со цена од 29.900 евра.
 

Реклама