Германскиот производител на автомобили Opel, во првиот квартал од 2026 година (јануари до март) реализираше продажба од 33.600 автомобили на домашниот германски пазар, што претставува пораст од 39% споредено со истиот период минатата година.
И маркет шерот сe зголеми за 1,2 процентни поени на 4,8%.
Од вкупната бројка, дури 13,700 возила биле продадени во месец Март, што претставува пораст од 43% споредено со Март 2025 година.

Најголем дел од продажбата отпаѓа на Opel Corsa, која пет години по ред е најпопуларниот мал автомобил во Германија, а зад неа тука се и новите SUV модели – Grandland, Mokka, Frontera.
На домашниот пазар, учеството на електричните модели во вкупниот моделски микс, беше со високи 21%.
Овие податоци го креваат оптимизмот кај менаџментот на Opel, имајќи предвид дека допрва треба да започне продажбата и на новата, или попрецизно кажано, освежената, Opel Astra во хечбек и sports tourer изведба.








