Ова мини, ја живее шестата генерација во Кина и чини 5.400 евра!

477

За ова малечко автомобилче кое се продава “како алва” во Кина, веројатно не сте слушнале, a тоа веќе ја живее својата шеста генерација и се има продадено во над 1,9 милиони примероци.

Малиот урбан автомобил, со комплицирано долго име – Wuling Hongguang Mini EV, е производ на заедничкото вложување на SAIC-GM-Wuling.

Што значи, дека не е баш невозможна или забранета соработката на Американците (General Motors) и Кинезите (SAIC).

За прв пат oва Мини е произведено во 2020 година, а веќе ја живее својата шеста генерација и на пазарот во Кина се продава по цена од 5.400 евра!

Димензиите се лилипутански – должина 3,268 mm, висина 1.575 mm, широчина 1.520 mm и со меѓуосовинско растојание од 2,190 mm.

Во ентериерот е вграден модерен 10.1 инчен екран.

Вкупниот багажник има волумен од 170 литри, кои се трансформираат во 838 литри (кога ќе се спуштат задните седишта).

Погонот е на струја, со мотор вграден одзади, кој испорачува моќност од 40 коњски сили и развива максимална брзина од 101 km/h.

Клиентите може да изберат една од двете батерии, кои нудат автономија од 205 или 301 километри, при што дополнувањето на енергија во батериите од 30% дo 80% трае околу 35 минути.

Сите овие параметри, заедно со цената (поефтина од некогашната ударна цена кај нас на Chevrolet Matiz/Spark) го прават малиот Wuling Hongguang Mini EV одлично решение за употреба во градските мешаници, а притоа ова е и еден од најдостапните автомобили на електрична енергија во светски рамки.

Погледнете ја нашата последна емисија на Youtube :

Реклама