Внимавајте! Ова лето, Safe City и во Грција

327

Според последните информации, ова лето и во Грција, започнува да функционира сериозен систем за контрола и казнување на прекршоци во сообраќајот.

Според планот, на територијата на Грција ќе бидат поставени околу 2.000 фиксни камери, околу 500 мобилни единици кои ќе бидат поставени на избрани автобуси, а набавени и во функција ќе бидат пуштени и голем број на дронови кои од висина ќе го следат сообраќајот и лоцираат прекршителите.

Системот ќе ги реистрира прекршоците и испраќа казните директно, на домашна адреса.

Како и кај нас, властите и во Грција изјавуваат дека не им е целта полнење на државната каса, туку дека сакаат со овие заострени мерки да ги подобрат статистичките парамери според кои Грција е на врвот во Европа по бројот на сообраќајни незгоди.

Ќе се казнуваат брзо возење, минување на црвено светло (кое може да ве чини 700 евра плус одземање на дозволата во рок од 60 дена), не носење појас или зборување по телефон (350 евра).

Камерите, ќе бидат надополнети и со засилени полициски контроли, па имајќи предивд дека Грција е омилено место на нашите граѓани, ова лето треба да бидат исклучително внимателни во возењето…

Реклама