Koлку чини просечна поправка во сервис во Германија?

319

Според последната анализа на Car-Garantie, просечната цена на чинење на еден сервис во Германија чини рекордни 764 евра!

Слична констатација имаше и Германската Асоцијација за Осигурувањето, која утврди дека цената на резервните делови и работната рака се во сериозен раст.

Истиот трошок во 2025 година (764 евра) само една година претходно изнесувал 718 евра.

Во својата анализа Car-Garantie зема предвид околу 1 милион нови и користени автомобили, преку кои доаѓа до релевантниот податок за просечната цена на сервисирање.

Истражувањето исто така прецизира и дека причина за ова покачување, не е само економската криза и порастот на цените на резервните делови, туку и се’ пософистицираните системи, кај кои поправките се комплексни и скапи.

24.2 проценти од пријавените дефекти се однесуваат на моторот и моторните компоненти, 17.2 проценти отпаѓаат на системот за гориво, а електричните системи опфаќаат 13.6% од пријавените дефекти.

Kaко резултат на ова, една анкета покажува дека околу 60% од клиентите одат на сервис многу поретко од предвиденото, а тоа ги намалува приходите на сервисите, а ја намалува и лојалноста на клиентите кон одредени сервиси, особено овластените.

Реклама