Со свечена церемонија на која присуствуваше и генералниот директор на компанијата, Штефан Винкелман, на почетокот на годината, Lamborghini отвори нов центар во главниот град на Египет.

Ова е првиот официјален центар на Lamborghini во Египет, со што компанијата од Санта Агата, го шири своето присуство во Африка.
“Египет е пазар со огромен потенцијал и отворањето на овој центар ни дава можност да го доближиме целото Lamborghini искуство поблиску до нашите сегашни и идни клиенти.” – изјави Винкелман.

Новиот центар Lamborghini Cairo се протега на површина од 300 метри квадратни а ќе биде опериран од MM Group, една од водечките автомобилски групации во Египет.

Освен супер спортските автомобили, новиот центар ќе обезбеди и понуди и постпродажни услуги – сервис и резервни делови.















