Скандал го тресе Париз. Еден милион возила во нелегална шема

201

Криминалните шеми се коваат и смислуваат насекаде во светот. Последен во низа е скандалот во Франција, во кој се вклучени околу еден милион возила кои биле нелегално “регистрирани”.

Koренот на проблемот е воочен во 2017 година, кога за прв пат бил приватизиран системот за регистрација на возила.

Веднаш по тоа се појавиле голем број на компании кои вршеле нелегално регистрирање на возилата, и во овој фиктивен систем биле опфатени околу 1 милион возила.

Проценките велат дека во периодот од 2022 до 2024 година, државата загубила околу 550 милиони евра, како резултат на неплатени такси, казни или паркинг казни.

Во дел од криминалната шема учествувале и сопствениците на возила, кои поради непостоењето во системот, можеле да се скријат од казни за пребрзо возење, минување на црвено или непрописно паркирање, бидејќи властите едноставно не можеле да утврдат кои се вистинскитр сопственици на предметните возила.

Криминалната шема се користела и за да се “скрие” вистинското, честопати нелегално потекло на возилата, кои добивале нов вештачки генериран идентитет.

Реклама