Половина милион произведени Opel Mokka

179

Opel слави сериозна точка во индустриските постигнувања.

Произведена и испорачана е 500.000-та Opel Mokka, брендовскиот адут во B-SUV сегментот.

Моделот почна да се произведува во 2021 година, а своето моделско освежување го имаше кон крајот на 2024 година.

Компактниот SUV автомобил се произведува во фабриката во Франција, во местото Поаси, во која од 2019 година започнаа да се произведуваат електричните автомобили од Групацијата Stellantis.

Реклама