Како на видео игра. Рент-а-кар возило на ваша адреса

159

Откако во Германија беше изгласан законот за дозволено управување на автомобили од далечина, компанијата Vay воведува револуционерна услуга.

Ако порачате возило од Vay, истото ќе ви биде доставено на домашна адреса, што практично и не е ништо необично.

Она што е необично е фактот дека возилото ќе биде доставено со контрола (управување) од далечина, како на видео игра.

Искусните професионалци, гејмери, возачи на UBER и камионџии со стотици часови искуство на овие симулатори, составени од три екрани и команди како на видео игра, ќе ги доставуваат од далечина автомобилите до домашната адреса на нивните клиенти.

За таа цел ќе бидат користени специјални автомобили Kia e-Niro, кои се опремени со камери и сензори, а самата апликација ќе има и специјално црвено паник копче, со кое во случај на опасност операторот ќе може да го запре возилото.

Реклама