Porsche со најголем екран досега

141

Германскиот производител Porsche, го претстави ентериерот на својот модел Cayenne Electric, кој треба да дебитира кон крајот на оваа година.

Аудио и видео уживањето во новиот ентериер е претставено со три инфотејнмент екрани чувствителни на допир .

Во срцето на инфотејнментот е новиот OLED Flow Display, кој е благо заоблен, и како што кажува и самото име благо се прелева кон централната конзола.

Тој има големина од 14,25 инчи, а може да се порача и со опционален екран за сопатникот, чувствителен на допир во површина од 14,9 инчи. На вториот може да се гледаат филмови или да се играат видео игри, кои не се во видното поле на возачот и не можат да го одземат неговото внимание.

Со доплата ќе можете да добиете и хед ап дисплеј, кој на ветробранското стакло, во видното поле на возачот ќе проектира мноштво информации, како и мапите и стрелките од навигацијата.

Реклама