Кинескиот “AUDI” пламна за 30 минути

155

Германската компанија со четири прстени, реши да направи модел кој ќе биде наменет и ќе се продава само во Кина.

Овде, тој настапува без логото со четири прстени, го носи името AUDI, напишано со големи букви, а првиот модел E5 Sportback стана вистински хит, и првитер 10.000 примероци “пламнаа” за само половина час.

Причината зошто овој модел не го носи препознатливото лого на предната маска, е затоа што произлегува од соработката на Volkswagen со кинескиот производител на автомобили – SAIC.

Моќта на овој модел, кој е исклучиво електричен, и во Кина чини скромни 33.000 долари, изнесува 295 коњски сили, а дометот изнесува 618 километри по CLTC циклусот.

Реклама