Мари Бара, несомнено се покажа како одличен избор да ја превземе Американската икона во авто индустријата, гигантот – General Motors, бидејќи го стабилизираше и му даде солиден стратешки правец на големиот, прилично тром и грогиран GM.
Железната дама на GM на врвот на компанијата застана во јануари 2014 година, и со бескомпромисна работа и борба остана на лидерската позиција веќе 11 години.

Според последните информации, откако ги оствари зацртаните цели, Мари Бара, за 2024 година доби и специјален бонус, со што нејзиниот вкупен остварен приход, како генерален директор (CEO) изнесуваше 29,5 милиони долари, што претставува покачување од 6% споредено со претходната, 2023 година.
Бонусот, Мери Бара, која е и првата директорка на некоја компанија од “големите три” авто компании од Детроит, го доби како резултат на повеќе остварени цели, како и поради остварениот рекоден профит за компанијата.

За разлика од 63 годишната директорка на GM, вкупната компензација (приход) на Џим Фарли, CEO на FORD, се намали за 6% на вкупни 24,8 милиони долари.








