Кинескиот производител на автомобили кој е во огромен подем во светот и во Европа, BYD, доби налог од регулаторното тело веднаш да ја запре својата последна рекламна кампања, под името – “Operation Purefication” или “Операција Прочистување”.
Во оваа кампања BYD ги повикуваше сите потнцијални клиенти да дојдат во дилерствата на BYD и да добијат бонус од 10.000 евра, ако го заменат својот автомобил, во кој ребрестиот ремен е потопен во масло.
Групацијата Stellantis, во која членуваат повеќе брендови како Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, Alfa Romeo, Jeep… се препозна во оваа акција, особено поради бројни проблеми и сервисни повикувања кои се појавија кај нивните автомобили со вграден PureTech мотор и поднесоа жалба до регулаторните тела во Италија.

Регулаторот IAP одговори позитивно на жалбата, наведе дека овие реклами го кршат правилото на огласување, а кои се однесуваат на клевета, неправедно споредбено огласување и измама на клиентите и побара истите веднаш да запрат.
На оваа одлука луѓето од BYD, изјавиле дека нивната кампања во суштина е добронамерна и дека го промовира трансферот на возилата од мотори со внатрешно согорување на електрифицирани возила.
Дали освен забраата за емитување ќе уследи и казна, останува да видиме.







