Забрана за лед светла во автомобилите

100

Британската Влада започнала постапка со која се планира целосна забрана за вградување на лед сијалички во предните фарови на автомобилите.

Засега оваа одлука се однесува само на постпродажно вградување на лед сијалички во предните светла од претходните генерации, кои обично користеа халогена технологија.

Причината за оваа одлука е обемното истражување, со кое е утврдено дека околу 250 сообраќајни незгоди годишно на британските улици се предизвикани од отсјајот кој лед светлата го предизвикуваат додека се разминуваат со други возила.

Во една претходна студија изготвена од RAC (Кралскиот Авто Клуб) било утврдено дека заслепувањето при разминување на две возила во две обратни насоки, предизвикува сериозен проблем кајнајмалку четвртина од возачите, особено изразена кај возачите во поодминати години.

Овој проблем е особено изразен кај лед сијаличките кои дополнително се вградуваат во постарите фарови и затоа, се очекува набргу, оваа постапка да биде забранета со закон.

Реклама