Во првиот час од почетокот на продажбата новиот SUV – Xiaomi YU7, успеа да прокнижи 289.000 порачки.
Една од причините за овој успех е и цената, која е позиционирана за нијанса под цените на Tesla, за 35.360 американски долари.

Конкретно, само три минути по објавената продажба на Xiaomi YU7, прибрани се 200.000 порачки!
Основната верзија на автомобилот има погон на задни тркала и нуди автономија до 835 километри според CLTC стандардите.

Батеријата од 10 до 80%, може да се наполни за само 12 минути.
Должината на новиот SUV е над 5 метри, со меѓуоскино растојание од 3 метри, што гарантира голема комфорност во ентериерот.








