Откако беа објавени официјалните резултати и билансот на успех во 2025 година, според кој во компанијата оперативниот профит беше преполовен на 8,9 милијарди евра, Volkswagen најави шокантно намалување на персоналот за 50.000 работници.
Ова е дел од стратегијата со која VW планира кратење на трошоците и реструктуирање на процесите.
Според објавените биланси, оперативната добивка во 2025 година изнесуваше само 2,8%, наспроти 5,9% во претходната, 2024 година, а ова за компанијата е едноставно неприфатливо.
Со новото реструктуирање е зацртана цел оперативната добивка да се врати на нивоа од 8 до 10%, а во тоа треба да помогне и резот во работните места, кои само во Германија, треба да изнесува околу 35.000 работници помалку.







