Во Онтарио се укинуваат камерите за сообраќајни прекршоци?

98

Додека нашите власти се мачат и сериозно ја најавуваат револуцијата во безбедноста на сообраќајот, со активирање на проектот “Safe City”, во Онтарио, локалните власти решија да ги укинат камерите за регистрирање на сообраќајни прекршоци.

Причината за оваа одлука, како што наведува Премиерот на Онтарио, Канада, Даг Форд, лежи во фактот дека овие камери малку придонесуваат за намалување на брзината на автомобилите, а повеќе служат за да се полнат буџетите на властите.

Според него, камерите се застарен начин за воведување побезбеден сообраќај и истиот треба да се замени со други решенија – како што се поголемо физичко присуство на полициските службеници, изградба на нови кружни токови, лежечки полицајци или трепкачки светла.

Се разбира, голем е бројот на противници на ова решение. Особено се гласни оние кои сметаат дека камерите дале одличен ефект како средство за застрашување на несовесните возачи, особено во областите околу училишта и градинки.

Како и да е, одлуката да се деактивираат и симнат камерите е веќе изгласана во парламентот и за две недели треба да се примени на сила.

Реклама