Вака ќе изгледа новата Astra!

31

Производителот на автомобили од Риселсхајм, Opel, ги објави првите фотографии од нивниот најпродаван компакт – легендарната Opel Astra.

Новат Астра ќе биде достапна во две каросериски изведби, како хечбек со 5 врати и како Sports Tourer (караван).

Во поглед на дизајнот кај Астра е највпечатлива новата светлосна лед лента која во средината е пресечена со осветленото лого на Опел.

Предните Intelli-Lux HD светла се составени од 50.000 елементи, кои имаат задача идеално да го осветлат патот и притоа да не ги заслепат останатите учесници во сообраќајот.

Според информациите од Опел, предните светла и ќе се затемнуваат кога ноќе ќе минуваат покрај сообраќајни знаци, со што ќе се намали заслепувањето на возачот од светлосната рефлексија.

Во ентериерот нема големи промени, но се вградени новите т.н. Intelli-Seats седишта кои се покомфорни, доаѓаат и со масажа, меморија и електро пневматска лумбална поддршка.

Во поглед на моторите, Астра доаѓа со 1.5 литарскиот турбо дизел мотор со моќност од 130 кс, благ хибрид со 1,2 литарски турбо бенински мотор со 145 коњски сили, plug-in хибрид со 1,6 литри зафатнина и моќност од 195 коњски сили, како и во потполно електрична варијанта со 165 коњски сили.

Двете каросериски верзии на Астра би требало да се прикажат на јавноста на саемот во Брисел кој почнува на 9ти Јануари.

Реклама