Уште една метропола ги забрани електричните скутери

80

Покрај големите мерополи Париз и Мадрид, забрана за користење и изнајмување на електричните скутери донесе и главниот град на Чешка, Прага.

Причини кои ја предизвикаа најновата забрана во низа се бројните поплаки на граѓаните, поради се почестото непрописно паркирање на изнајмените скутери на сите страни на градот.

Исто така, констатирано е дека , како резултат на зголемената употреба на електричните скутери, сериозно е зголемена бројката на сообраќајни незгоди од кои дел се и со смртни последици.

Во Чешка електричните скутери беа исклучително популарни, можеа да се изнајмат преку апликација на мобините телефони, а покрај локалното население скутерите најчсто ги користат и изнајмуваат и туристите, кои лесно, брзо и релативно ефтино можеа да стигнат на секоја точка во градот.

Неодамна и Албанија издаде забрана за користење на електричните скутери, се’ додека не се донесе валидна законска регулатива која ќе ги регулира детално начините на кои смеат да се користат и управуваат електричните скутери.

Реклама