Tрамп најави забрзување на летечките такси возила

143

На Саемот Paris Air Fare, беше објавено дека секторот за летечки такси возила, кој може да даде огромен придонес во армијата, брзата помош и превозот на товар, ќе добие силна поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.

Според последните информации, Трамп им наложил на регулаторните тела да го забрзаат процесот на сертификација на возилата со вертикално полетување и слетување, и со тоа да и овозможат на националната економија да го задржи лидерскиот моментум во овој сегмент.

Овој превоз, според претставниците на компаниите кои се навлезени најдалеку во развојот, нема да биде само за богатите. Тој треба да стане средство за масовен превоз на луѓе, како и да помогне во веќе посочените сектори, во ситуации кога конвенционалните хеликоптери се пребучни или преспори.

Се разбира, армијата е една од првите индустрии кои сериозно го прифаќаат концептот на овие летала, а најпознатите компании од овој сектор – BETA, Joby Aviation и Archer Aviation, веќе имааѕ потпишано проекти со вредност од неколку стотици милиони долари со Американската армија.

Реклама