Jaпонскиот автомобилски џин Toyota, на домашно тло, го претстави сосема новиот Land Cruiser FJ, кој има задача со своите помали и покомпактни димензии и бројни авантуристички и практични иновации да го приближи култниот теренец до многу поголема група на клиенти.

Промоцијата се прави неколку месеци пред официјалното лансирање на моделот кое треба да се случи кон средината на следната 2026 година.
Основната инспирација на FJ, логично, доаѓа од неговите поголеми браќа.
Во поглед на дизајнот, многу елементи потсетуваат на поголемите модели, а на презентацијата можеа да се видат две маски кои многу потсетуваат на традиционалниот Land Cruiser, но може да се изберат со ретро дизајн и кружни предни светла или со правоаголни светла со дневни светла во форма на буквата C.

Решетката има минималистички дизајн на кој е испишано логото на Toyota.
Погледнат странично, моделот делува многу робусно, со мускулести калници и штитници, а она што е уникатно кај овој модел е што браниците имаат компоненти кои може да се извадат, што сериозно ќе го заштеди буџетот ако овие елементи се оштетат на паркинг или при возење надвор од патот.

И ентериерот има едноставен и робусен изглед, превземен од големиот Land Cruisera.
Опремен е со дигитален инструмент кластер и широк мултимедиумски екран од кој се одвоени командите за клима уредот.

Во поглед на димензиите моделот е долг 4.575 mm, широк 1.855 mm, a висок 1.960 mm, додек меѓуоскиното растојание изнесува 2.580 mm, што го прави за 348 милиметри пократок од стандардниот Land Cruiser
Под хаубата е сместен 2.7 литарски четирицилиндерски мотор 2TR-FE со моќност од 163 коњски сили (120 kW) и вртежен момент од 246 Nm .

Спарен е со шестостепенски автоматски менувач, а погонот на сите тркала може да се вклучува по потреба.







