Toyota го претстави новиот RAV4

208

Toyota ја претстави шестата генерација на својот SUV, RAV4, автомобил кој е исклучително популарен во Европа, во која од лансирањето на моделот (во 1993 година) се продадени 2,5 милиони единици.

Инаку, во светски рамки, се продадени околу 15 милиони единици на Toyota RAV 4.

Хибриди и плаг ин хибриди

Сосема новиот RAV4 има нов, робусен изглед, а во поглед на моторите ќе може да се избере варијанта само како хибрид или плаг ин хибрид. Новиот плаг ин хибрид, може да помине до 100 километри само на струја.

На брз полнач, од 10 до 80% до батеријата, може да се наполни за 30 минути, додека на домашен полнач има сериозно подобрување, и полнењето се завршува за околу 3 часа.

Моделот со погон на сите тркала (AWD-i) управува со сила од 304 коњски сили, при што забрзувањето од 0-100 km/h се постигнува за 6,1 секунда.

Нов софтвер за развој

Новиот RAV4, користи напреден софтвер за развој и проектирање, кој го носи името Arena, според луѓето во Toyota претставува нова ера на софтверско дефинирани автомобили, кој сериозно работи на зголемување на безбедноста и тежнее кон сообраќај без сообраќајни незгоди.

Воведен е нов систем за безбедност – (Front Cross Traffic Alert) кој го штити возилото од опасности при преминување на прометни раскрсници и сообраќајници, а системот создава силен звучен сигнал во случај на опасност од сообраќајна незгода.

Автомобилот има и нов монитор за регистрирање на возила кои се движат во мртвата точка на ретровизорот (Blind Spot Monitor – BSM).

Системот (Lane Change Assist) им помага на возачите мирно и безбедно да се престрои во другата коловозна лента.

Во новиот RAV4 е вграден и системот за предупредување при опасност од судар (Pre-Collision System), кој прво, пасивно, го информира возачот со звучни сигнали за зголемената опасност од судар, а подоцна и активно помага при сопирањето на возилата со цел да се намали опасноста од судари.

Верзија GR Sport

Сосема новиот RAV 4 ‘ќе биде достапен и во верзијата GR SPORT, со поспортски изглед и дизајн.

Oсобено се атрактивни новите 20 инчни алуминиумски тркала и спортските елементи, превземени од Racing тимот на Toyota.

Реклама