Toп 10 најпродавани автомобили во Европа

226

Според последните информации, во првите 6 месеци од 2025 година, најпродаван автомобил во Европа, и покрај падот на продажбата од 11% споредено со минатата, година, останува Dacia Sandero.

Романскиот бестселер, успеал да продаде во првиот семестар 128.842 примероци.

На второто место, со 122.489 продадени возила е автомобилот од истата групација – Renault Clio.

Следува Peugeot 208 со 109.146 продадени возила.

Следни на листата се моделите од брендот Volkswagen: T-Roc (106.118; -5% споредено со минатата година), Golf (104.162; – 17%) и Tiguan (97.508; +28%).

На седмото место е уште еден ултра популарен SUV од Романската Dacia, Duster со 97.188 примероци, а листата топ 10 ја затвараат автомобилите Peugeot 2008 (96.378; +3%), Citroen C3 на деветтото место (95.891; -9%), и на крајот- Toyota Yaris Cross (95.513; -5%).

Реклама