Тизер фотки од новата Astra

35

Германската компанија од Риселсхајм, кој сега пулсира под капата на Stellantis Групацијата, Оpel, на своите фанови им нафрли неколку тизер фотографии од новата, освежена Astra и караванската или Astra Sports Tourer, изведба.

Од она што може да се види, јасно е дека новата “Visor” маска е инспирирана од концептот – Corsa GSE Vision Gran Turismo.

Таа е потенка, појасна, а за првпат кај освежената Astra ќе се употреби и новиот осветлен “Opel Blitz” кој веќе се имплементираше кај SUV моделот Grandland.

Детали сеуште нема, но можеме да очекуваме дека моделот ќе ги следи техничките перформанси на групацискиот брат – Peugeot 308.

Реклама