Tesla симната од тронот

58

Со 274.417 продадени примероци на своите сосема електрични возила, германскиот бренд Volkswagen ја симна Американската Tesla oд врвот на продажните табели во Европа.

Во исто време, брендот на Елон Маск, прокнижи 238.765 продадени единици, што претставува огромен пад од 27% во споредба со претходната година, кога беа продадени 326.714 електрични автомобили на Tesla.

Во поглед на моделите, Tesla Model Y се продаде во 151.331 единици, пред Skoda Elroq кој имаше 94.106 продадени автомобили.

На третото место е уште еден автомобил од гамата на Tesla – Model 3 со 86.261 продадени единици.


МоделПродажба 2025Продажба 2024
1.Tesla Model Y151.331210.265
2.Škoda Elroq94.10646
3.Tesla Model 386.261112.967
4.Renault 5 E-Tech81.51713.097
5.VW ID.480.12364.729
6.VW ID.378.66754.467
7.VW ID.776.36832.192
8.BMW iX169.81653.272
9.Kia EV366.8024.960
10.Škoda Enyaq65.78767.331
Вкупно :2.582.5951.990.956

На четвртото место е францускиот модел Renault 5 E-Tech, по кој доаѓаат трите модели од семејството ID на Volkswagen со сериозни продажни резултати, кои дефакто му ја носат победата како бренд во 2025 година.

БрендПродажбаСпоредено со 2024.
VW274.417+56%
Tesla238.765-27%
BMW193.186+15%
Škoda172.100+117%
Audi153.848+51%

Реклама