Европските медиуми јавуваат за овој интересен Golf, кој е паркиран на аеродромот во Берлин подолго време и веќе има набилдано долг за паркирање од 200.000 евра.
Случајот е интересен поради тоа што никој не знае кој е сопственикот на овој автомобил.
Има таблички од Хановер и е паркиран на атрактивно место пред терминалот во Берлин, на кој обично никој не се паркира бидејќи цената за паркирање е пеколна – 23 евра на час, а дневната карта е дури 552 евра.
Полицијата се огласи како ненадлежна во случајот, бидејќи возилото е паркирано на место во сопственост на аеродромот, а аеродромските служби, пак, не сакаат да го отстранат паркираниот Голф поради огромни бирократски процедури.
Се шпекулира и дека автомобилот е можеби украден, но чуди што истиот не е пријавен како украден, ниту пак, се пријавува неговиот сопственик.







