Швајцарскиот урбан електричен автомобил – Microlino, со соочува со неизвесна иднина, а како причина за тоа основачите ја наведуваат недостатокот на владината поддршка и тешките регулативи во Европа.
Брендот инвестираше 70 милиони Швајцарски франци и произведе околу 4.800 автомобили, но имајќи предвид дека нивните автомобили влегуваат во категоријата L7e ЕV истите не се квалификуваат за субвенции, даночни бенефиции или CO₂ поволности поради што локалното производство е неодржливо од финансиска гледна точка.
Најсериозните конкуренти, логично, доаѓаат од Кина, која нуди огромни субвенции и многу пониски трошоци на производство. Како резултат на тоа, основачите на Microlino, се закануваат дека сериозно ја разгледуваат можноста да го префрлат своето производство надвор од Унијата.







