Последниот извештај на EuroNcap, кој прави анализа на безбедноста на возилата во случај на судир, покажува дека истото возило, зависно од пакетот на безбедносна опрема, може да има и различни оценки на краш тестот.
Конкретно, во последниот преглед на оценките на EuroNcap на следниот линк, може да се забележи дека моделот – Кia EV3 опремена со SafetyPack (безбедносен пакет) добива пет ѕвездички на краш тестот, а стандарниот (основен) модел на истото возило, има 4 ѕвездички.
Со максимални пет ѕвездички се оценети – Audi A5 plug-in хибридот, Audi Q5, VW Tayron, Tesla Model 3 и Toyota C-HR PHEV. И Кинеските модели : Voyah Courage и MG MGS5, добија максимална оценка на краш тестот.
Од анализата може да се види дека моделите – Renault 4 E-Tech, Ford Tourneo Custom (вклучувајќи ја и електричната верзија), и моделите на Stellantis – Opel Grandland, Peugeot 3008, и 5008 во 2025 година, добиле четири ѕвездички.







