Според податоците на ACEA (Европско здружение на производителите на автомобили) FORD бележи стрмоглав пад на продажбата во Европа.
Според овие податоци Ford продал 426.307 возила во Европа, што во споредба со 2023 година претставува пад од 17%, а маркет шерот изнесува само 3,3% (уште еден пад во споредба со 2023 година, кога маркет шерот беше 4,4%).
За овие бројки, веројатно е виновен и менаџментот на Ford кој донесе одлука од пазарот да го повлече Mondeo, не ја лансираше новата Fiesta… A ниту оваа година не изгледа подобро, бидејќи е предвидено да се пензионира и моделот Focus.







